• сабота, 28 декември 2024

Повеќе од 170 илјади евакуирани, Индија и Пакистан се подготвуваат за невреме

Повеќе од 170 илјади евакуирани, Индија и Пакистан се подготвуваат за невреме

Њу Делхи, 15 јуни 2023 (МИА) - Повеќе од 170 илјади луѓе се евакуирани поради силните веторви и обилните дождови кои зафаќаат делови од северозападна Индија и јужен Пакистан пред циклонот Бипарџу да дојде до копното, пренесоа британските медиуми.

Метеоролозите предупредија дека циклонот Бипарџу што на бенгалски значи „катастрофа“ може да уништи домови и земјоделски култури.

Процесот се очекува да почне по 18 часот по локално време. Циклонот треба да удри во близина на пристаништето Јахау меѓу Мандви во Гуџарат и Кети Бандар во пакистанската провинција Синд.

Пакистанската агенција за управување со катастрофи предупреди на бранови на невреме до три-четири метри долж крајбрежјето од Карачи до Гуџарат.

Функционерот задолжен за операциите за помош во Гуџарат, Алок Пандеј изјави дека интензитетот на циклонот е намален, но дека брзината на ветрот сè уште се очекува да биде на „многу опасни“ нивоа од околу 110-125 километри на час во моментот на падот. 

Министерот за здравство на државата, Рушикеш Пател ги замоли луѓето да избегнуваат патувања. „Нашата цел е да обезбедиме нула жртви“, нагласи тој.

Најмалку седум смртни случаи беа пријавени поради обилните дождови во Индија оваа недела. Меѓу жртвите има две деца згмечени од ѕид што се урна и една жена погодена од дрво кое паднало додека била на мотор. мс/јт/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан