Повеќе од 160 здравствени работници од Газа се уште во притвор, СЗО со загриженост за нивната состојба
- Повеќе од 160 здравствени работници од Газа, вклучително и повеќе од 20 лекари, најверојатно сè уште се во израелски притвор, а Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост за нивната состојба и безбедност.

Ерусалим, 25 февруари 2025 (МИА) - Повеќе од 160 здравствени работници од Газа, вклучително и повеќе од 20 лекари, најверојатно сè уште се во израелски притвор, а Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост за нивната состојба и безбедност.
Според организацијата „Healthcare Workers Watch“ (HWW), најмалку 162 медицински работници, меѓу кои и најистакнатите лекари, остануваат во притвор, додека уште 24 се водат како исчезнати откако биле киднапирани од болниците за време на конфликтот, пишува Гардијан.
СЗО потврди дека израелската војска од почетокот на војната привела 297 здравствени работници од Газа, но организацијата сè уште нема ажурирани податоци за тоа колку се ослободени или се уште се во притвор.
Извештаите за условите во притворот укажуваат на насилство и злоупотреба, а адвокатот на д-р Хусем Абу Сафиу и директор на болницата „Камала Адван“ изјави дека неговиот клиент бил измачуван и не му била дадена медицинска помош.
Лекарите кои го преживеале израелскиот притвор зборуваат за тортура, тепање, глад и нехумани услови, додека СЗО и ОН повикуваат на итно ослободување на медицинскиот персонал и прекин на малтретирањето.
Израелските власти соопштија дека целта на нивните операции е да се врати безбедноста во Израел, но не дадоа одговори за конкретни случаи на злоупотреба на медицински работници. паг/