• среда, 13 ноември 2024

Повеќе од 15.000 лица починале од последици од Ковид-19 во Јужна Америка

Повеќе од 15.000 лица починале од последици од Ковид-19 во Јужна Америка

Бразилија, 6 мај 2020 (МИА) - Во Јужна Америка и на Кариби денеска се забележани 15.000 смртни случаи од последици од новиот коронавирус, а Бразил е најтешко погодена земја со околу 8.000 починати лица.

Пандемијата со Ковид-19 во наредните денови се очекува да го достигне врвот во Јужна Америка, каде се забележани повеќе од 282.000 случаи на новиот коронавирус.

По Бразил, најтешко погодени земји се Мексико и Еквадор.

Неколку земји, како Еквадор, Колумбија и Доминиканска Република се одлучија да ги продолжат мерките за спречување на ширење на пандемијата со Ковид-19.

Панамериканската здравствена организација ги повика владите да бидат внимателни при укинување на рестриктивните мерките, бидејќи шансите за пренесување на новиот коронавирус се се уште високи во Бразил, Еквадор, Перу, Чиле и Мексико.

Бразил беше првата јужноамериканска земја што потврди позитивен случај на Ковид-19 на 26 февруари, кај 61-годишен маж, кој се вратил од Ломбардија, една од најтешко погодените покраини во Италија. ки/ми/

Остани поврзан