• понеделник, 23 декември 2024

Повеќе од 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Валенсија, 1 ноември 2024 (МИА) - Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот на Валенсија, пренесува Паис.

Тие се пријавиле да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добиле упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените.

Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан