• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повеќе од 100.000 Авганистанци го напуштија Пакистан во новиот бран депортации

Повеќе од 100.000 Авганистанци го напуштија Пакистан во новиот бран депортации

Исламабад, 14 април 2025 (МИА) – Десетици илјади Авганистанци го напуштија Пакистан откако почна последниот бран депортации на почетокот на април, јави ДПА.

Повеќе од 127.000 Авганистанци се вратиле во својата татковина од почетокот на месецот, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Повеќето ја напуштиле земјата по своја волја соочени со заканата од депортација, додава агенцијата. Околу 26.000 биле депортирани.

Од истекот на рокот за доброволно заминување на крајот на март, пакистанските власти почнаа да апсат бегалци и да ги префрлаат во центри за депортација.

Долгорочно, владата во Исламабад планира да депортира три милиони Авганистанци. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан