• вторник, 24 декември 2024

Повеќе од 100 ученици и наставници киднапирани од вооружена група во Нигерија

Повеќе од 100 ученици и наставници киднапирани од вооружена група во Нигерија
Абуџа, 1 септември 2021 (МИА) - Вооружена група киднапираше повеќе од 100 ученици и неколку наставници од училиште во државата Замфара во северозападна Нигерија, објави нигерискиот портал Блупринт, повикувајќи се на очевидци. Нападот се случил за време на час. Нигерискиот ТВ канал објави дека гувернерот на Замфара, Бело Матавале наредил привремено затворање на сите основни и средни училишта во државата. Во исто време, воведени се ограничувања во сообраќајот од 18 до 06 часот во 13 области. Во Нигерија во последните месеци има зачестени напади врз училиштата и универзитетите со цел киднапирање ученици за откуп. Од почетокот на оваа година, повеќе од 1.000 луѓе беа киднапирани од училиштата и универзитетите во различни делови на земјата. Локалните власти беа принудени да затворат голем број училишта во северна Нигерија и централните делови на земјата и да ги преместат учениците во други области. Во исто време, се воведуваат нови мерки за да се осигури безбедноста на образовните институции. паг/  

Остани поврзан