Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја, пријави до ЦУК за штети по невремето
- Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.
![Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја, пријави до ЦУК за штети по невремето](https://new.mia.mk/index.php/images/20240719070533_big_730x400_44.webp )
Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.
Од ЕВН контакт центарот информираат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.
Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети - паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови....
До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила. Повеќе информации од ЦУК најавуваат во текот на денешниот ден. бак/
Фото: МИА архива