• среда, 18 декември 2024

Повеќе од половина од Аргентинците живеат во сиромаштија

Повеќе од половина од Аргентинците живеат во сиромаштија

Буенос Аирес, 4 јуни 2024 (МИА) - Повеќе од половина од Аргентинците живеат во сиромаштија, според податоците објавени денеска, при што нивото непрекинато се зголемува од пред една година и забрзано откако претседателот Хавиер Милеи ја презеде функцијата.

Мониторингот за социјален долг на Папскиот католички универзитет ја обелодени бројката - 55,5 проценти за првиот квартал од оваа година - во однос на 44,7 во третиот квартал од 2023 година и 49,5 проценти во декември, кога Милеи положи заклетва.

Според бројките, околу 17,5 отсто од 46-те милиони луѓе во земјата биле сиромашни - речиси двојно повеќе од стапката во третиот квартал од лани.

Нивото на сиромаштија во Аргентина се дефинира како месечен приход помал од 292 долари потребни за купување основна кошница со стоки за широка потрошувачка за возрасен или 904 долари за семејство со две деца.

Возрасен човек кој заработува помалку од 132 долари се смета дека живее во екстремна сиромаштија или беда. Новите бројки се полоши од неодамнешните на националната агенција за статистика Indec, според која стапката на сиромаштија е 41,7 отсто на крајот на 2023 година. Тоа е повеќе од 39,2 отсто една година порано.

Сите економски показатели укажуваат на големо влијание врз населението на мерките за штедење на Милеи, со пад на вработеноста и стапките на потрошувачите на врвот на годишната инфлација која надминува 200 проценти.

Во март, УНИЦЕФ соопштри дека стапката на екстремна сиромаштија кај децата во Аргентина најверојатно погодила едно од пет до крајот на 2023 година. зш/

Остани поврзан