• среда, 13 ноември 2024

Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина

Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина
Киев, 3 април 2022 (МИА) - Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. „Минатата недела 144.000 луѓе ја напуштија Украина, а дојдоа 88.000. Вкупно околу 537.000 наши сонародници се вратија во Украина“, соопшти Министерството, повикувајќи се на податоци од Државната гранична служба. Високиот комесаријат за бегалци на ОН во саботата регистрираше 4.176.401 Украинец кои ја напуштиле земјата од почетокот на инвазијата на 24 февруари, што е за 38.559 повеќе од извештајот претходниот ден. паг/

Остани поврзан