• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од девет илјади здравствени работници од Косово работат во Германија

Повеќе од девет илјади здравствени работници од Косово работат во Германија

Приштина, 30 мај 2024 (МИА) - Во 2023 година, бројот на здравствени работници од Косово вработени во Германија изнесувал 9.091, што е за илјада повеќе од 2022 година, пренесе Бета.

Според приштинските медиуми, трендот на заминување на лекари и медицински сестри од Косово продолжува секој ден.

Лани бројот на вработени здравствени работници од Косово во Германија бил дури 9.091, односно илјада повеќе од 2022 година.

Институтот ГАП објави бројки кои го покажуваат трендот на заминување на лекари и медицински работници за 2019-2023 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан