• среда, 25 декември 2024

Повеќето амбасадори се кариерни дипломати, а помал дел истакнати личности од политичко-општествениот живот, смета Османи

Повеќето амбасадори се кариерни дипломати, а помал дел истакнати личности од политичко-општествениот живот, смета Османи

Скопје, 24 октовмри 2023 (МИА) - За амбасадори во дипломатско-конзуларните претставништва се испраќаат кариерни дипломати, а во помал дел истакнати личности од политичко-општествениот живот, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

Тој денеска по обраќањето на годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ се одржува во Скопје, на новинарско прашање да даде коментар за новоименуваните амбасадори и колку од нив се партиско-политички решенија, а колку дипломати од кариера, одговори дека како ретко досега процентот на кариерни дипломати од МНР се упатуваат како амбасадори во ДКП.

-Односно, целиот сет на директори во моментот, на директорати во МНР, се испраќаат како амбасадори во земјите каде што сметавме дека се најсоодветни. Помал дел се луѓе од општествениот живот кои се надвор од дипломатската мрежа, како што е на пример, поранешниот министер за правда Тупанчевски, којшто се упатува Белград, како што е Илбер Села којшто е германофон, завршил во Виена, професор по европски прашања, и се упатува во Берлин, Андреј Жерновски во Букурешт, и Емил Крстевски во Прага. Тие се луѓе надвор од дипломатската мрежа, рече Османи.

За амбасадори во дипломатско-конзуларните претставништва се испраќаат кариерни дипломати,а во пшомал дел истакнати личности од политичко-општественмиот живот, вели шефот на дипломатијата Буја

Додаде дека останатите се актуелни директори на директорати во МНР.  -На пример, Катерина Ставревска која е директор на Директоратот за НАТО, се упатува во Лондон, Џенк Сејфула кој е директор на Директоратот за ЕУ, се упатува во Стокхолм, потоа Јасмин Ќахил директор на воневропски земји, се упатува во Варшава итн. Значи имаме соодветна листа на луѓе коишто се или искусни во дипломатијата или искусни во политичко - општествениот живот и ќе дадат сериозен придонес во надворешно - политичкото дејствување на државата, вели Османи. 

Собраниската Комисија за надворешна политика на денешната седница треба да ги разгледа платформите за дипломатските активности на седум нови амбасадори. На седницата треба да се обратат поранешниот министер за правда Никола Тупанчески, кој треба да биде амбасадор на земјава во Србија, поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски, кој треба да биде абасадор во Романија, Шпенд Садики треба да биде амбасадор во Израел, Јасмин Ќахил во Полска, Сашко Насев во Народна Република Кина, Игор Попов во Бразил и Илбер Села во Германија. Ова е последната фаза која треба да ја поминат пред нивното заминување во дипломатските мисии. вг/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан