• среда, 25 декември 2024

Поведена постапка против скопјанец за непочитување на здравствена изолација

Поведена постапка против скопјанец за непочитување на здравствена изолација
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против 41-годишен скопјанец за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетиот на 9 март добил позитивен резултат од извршено тестирање за коронавирусот во лабораторија во Скопје, но наместо да остане во задолжителна самоизолација, како што е предвидено со протоколите за заштита на населението од заразна болест, тој веќе следниот ден излегол од домот и отишол во Основниот кривичен суд - Скопје. Таму бил забележан и пријавен од службено лице од судската полиција, по што полициски службеници го сопреле и му извршиле проверка на идентитетот. - Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, информираат од ЈО. свс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан