• среда, 25 декември 2024

Поведена постапка во скопското обвинителство против дилер од Гостивар

Поведена постапка во скопското обвинителство против дилер од Гостивар
Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, осомничениот на 24.12.2021 година, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хероин со вкупна маса од 4461,6 грама. Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец кој го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20:00 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој кривично правен настан, на кого му го предал ранецот полн со хероин. -Бидејќи постои оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, со оглед на видот и количината на пронајдената наркотична дрога – херион, која укажува на добро воспоставени криминални врски за набавка и продажба на ваков вид недозволени и опасни по здравјето супстанции, како и поради подготвеноста да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство. дма/мд/ Фото:МИА архива

Остани поврзан