• среда, 27 ноември 2024

Поведена истрага против мултимилионерот Радим Пасер, кој возел со 417 км/ч во Германија

Поведена истрага против мултимилионерот Радим Пасер, кој возел со 417 км/ч во Германија
Магдебург, 25 јануари 2022 (МИА) - Германската полиција поведе истрага против чешкиот мултимилионер Радим Пасер, кој возел со 417 километри на час на автопат во Германија, а подоцна се пофалил со тоа и на својот јутјуб-канал. Иако на германските автопатишта нема ограничување на брзината, трките се забранети. Според германскиот закон и т.н. „поединечна трка“ е забранета доколку возачот „со неприспособена брзина, грубо ги крши правилата за несовесно возење со цел да постигне најголема можна брзина“, како што соопшти полицијата на Магдебург синоќа. „Станува збор за неодговорно и опасно возење, иако нема никакви ограничувања. На возачот му е дозволено да вози со брзина со којашто е возможно да се вози автомобил“, се вели во соопштението. Видеото, објавено од чешкиот претприемач Радим Пасер, го прикажува неговиот спортски автомобил „бугати чирон“ како се движи по германскиот автопат А2 од Берлин до Хановер и достигнува брзина до 417 км/ч.

- Возењето со над 400 км/ч е исклучително опасно, меѓу другото и поради многу големата должина на сопирање, која при овие брзини се зголемува експоненцијално, а не линеарно, изјави германскиот стручњак за патен сообраќај, Фердинанд Дуденхофер. Радим Пасер го стекнал своето богатство на пазарот на недвижности. Според чешкото издание на „Форбс“, тој „тежи“ околу 305 милиони долари.  си/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан