• четврток, 26 декември 2024

Победнички старт на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Победнички старт на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Македонската женска тениска репрезентација со триумф го почна настапот на овогодишното издание на Били Џин Кинг Купот од Третата Европска зона, откако попладнево во Скопје со максимални 3-0 ја совлада Албанија.

Почетна предност на македонската репрезентација ѝ донесе Магдалена Стоилковска која по два часа и 33 минути игра ја совлада Кристал Дуле со 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 7-5), додека Лина Ѓорческа беше поуспешна од Греши Бајри со 6-0, 6-2 во дуел кој траеше 46 минути.

По двете сингл победи на Стоилковска и Ѓорческа, и македонскиот дубл Александра Симева и Ива Данева триумфираше над Греши Бајри и Кристал Дуле со 2-0 во сетови (7-5 7-5) за 1 час и 44 минути игра.

Во другите два натпревари од групата Б, Финска го совлада Азербејџан (3-0-, додека Молдавија со идентичен резултат беше поуспешна од Исланд.

Во второто коло, македонските тенисерки за противник утре ќе ја имаат репрезентацијата на Азербејџан. ег/

ФОТО: МТФ

Остани поврзан