• четврток, 26 декември 2024

Победата на македонските фудбалери се слави на плоштадот во Скопје

Победата на македонските фудбалери се слави на плоштадот во Скопје
Скопје, 24 март 2022 (МИА) – Илјадници љубители на фудбалот се на плоштадот „Македонија“ во македонската метропола каде ја слават големата победа над Италија остварена вечерва во Палермо со 1:0. Македонските фудбалери во полуфионалето на баражот за Светското првенство приредија сензација со триумфот над европскиот првак и тоа на негов терен. Победничкиот гол на Александар Трајковски предизвика овации насекаде низ државата, а по завршувањето на мечот колона возила со вклучени сирени се упатија кон ценатрот на Скопје каде владее победничката атмосфера со песни и факели. зс/

Остани поврзан