• среда, 27 ноември 2024

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината
Колумбо, 3 септември 2022 (МИА) - Поранешниот претседател на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, кој во јули побегна од државата, откако десетици илјади демонстранти упаднаа во неговиот дом и канцеларија поради економската криза, денеска се врати во татковината. Тој на аеродромот во Колумбо беше пречекан од пратениците од неговата партија и се упати во домот доделен од државата. Раџапакса на 13 јули, заедно со неговата сопруга и двајца телохранители со авион на армијата на Шри Ланка замина за Малдиви, од каде отпатува за Сингапур. Тој од Сингапур официјално поднесе оставка од функцијата претседател и по две недели отпатува за Тајланд. Против Раџапакса не е подигнат судски процес ниту е издаден налог за апсење. Против него имаше процес за наводна корупција додека беше министер за одбрана за време на претседателствувањето на неговиот постар брат, но делото беше отфрлено кога беше избран за претседател во 2019 година, поради неговиот имунитет. ми/.

Остани поврзан