• недела, 24 ноември 2024

Побарани парични казни за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Скопје

Побарани парични казни за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Скопје
Скопје, 31 март 2021 (МИА) - За кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица. Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, при контроли извршени на 23 и 24 март, биле затекнати во прекршување на полицискиот час. Спротивно на определената забрана за движење во периодот од 22 до 05 часот како мерка за сузбивање на заразна болест, тие се движеле на различни локации во градот. Јавното обвинителство за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. мс/лв/​​

Остани поврзан