• сабота, 23 ноември 2024

ПМФЛ: Тиквеш и Скопје останаа прволигаши

ПМФЛ: Тиквеш и Скопје останаа прволигаши
Скопје, 22 мај 2022 (МИА) – Тиквеш и Скопје ќе играат и во следната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираа во бараж пресметките против Воска и Беласица. Фудбалерите на Тиквеш го задржаа прволигашкиот статус со триумф над Воска од 4-1 на стадионот „Младост“ во Струмица, додека Скопје беше поуспешен во баражот од Беласица со 2-1 на Градскиот стадион во Штип. Пласман во ПМФЛ претходно обезбедија Силекс и Победа како првопласирани во западната и источната второлигашка конференција, додека од ПМФЛ испаднаа Борец и Пелистер. Новиот првак Шкупи ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, додека Шкендија, Академија Пандев и освојувачот на купот Македонија ЃП ќе настапат во квалификациите за Конференциската лига. ег/лв/

Остани поврзан