• недела, 24 ноември 2024

ПМФЛ: Работнички загуби дома од Струга ТЛ 

ПМФЛ: Работнички загуби дома од Струга ТЛ 

Скопје, 17 март 2024 (МИА) - Екипата на Работнички беше поразена попладнево од Струга Трум Лум на домашен терен со 1:2 во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На националната арена „Тодор Проески“ Радески го отвори резултатот за гостите со одличен шут од дистанца, но 15-тина минути подоцна одговори Стојановски и израмни за домаќините. 

Радоста на „романтичарите“ траеше кратко, откако Влајковиќ реализираше за конечни 1-2 за стружани.

Со оваа победа, Струга ТЛ се зацврсти на врвот на табелата со 51 бод, три повеќе од Шкупи и шест од Шкендија. 

Следи репрезентативна пауза, а првенството продолжува на 31 март.  дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан