ПМФЛ: Вардар непоразен замина од Охрид, Силекс се искачи на врвот на табелата
- Најтрофејниот македонски клуб Вардар не загуби од Воска на гости во Охрид, откако одигра 0-0.
Охрид, 24 ноември 2024 (МИА) - Најтрофејниот македонски клуб Вардар не загуби од Воска на гости во Охрид, откако одигра 0-0.
Новиот тренер Гоце Седлоски во минатото коло успеа да го победи Шкупи, а сега ремизираше во Охрид и со тоа тимот врза два меча без пораз.
Иако позитивните резултати во последно време, „црвено-црните“ се уштесе во опасната зона на табелата.
Силекс го победи Шкупи со 0-2 и се искачи на првата позиција на табелата заедно со Гостивар.
Дарко Додев беше двоен стрелец за Силекс на Чаир, додека Елвис Машике му донесе триумф на Гостивар.
Тимот на Алекандар Васоски сега има 30 бода и е на делба на првото место со Гостивар, кој има ист број бодови.
Резултати од 15. коло на ПМФЛ:
Брера – Струга ТЛ 1-1
Воска Спорт – Вардар 0-0
Работничка – Беса 4-1
Гостивар – Тиквеш 1-0
Шкупи – Силекс 0-2
Пелистер – Шкендија (17 часот). дс
Фото: Фејсбук/ФК Вардар