• сабота, 23 ноември 2024

ПМФЛ: Брегалница се засили со репрезентативец на Уганда

ПМФЛ: Брегалница се засили со репрезентативец на Уганда
Штип, 9 септември 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница ги засили своите редови за продолжение на прволигашката сезона со репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива. Најновото засилување на штипскиот прволигаш е централен дефанзивец кој доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Виперс, каде беше капитен изминативе пет сезони а е незаменлив капитен и на репрезентацијата на Уганда за која од 2019 година има 22 официјални настапи. Претходно во преодниот рок Брегалница претходно се засили со левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера, досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ. ег/сст/

Остани поврзан