• четврток, 26 декември 2024

Плишкова: Пред турнирот сонував да влезам во втората недела, воопшто не размислував за финалето

Плишкова: Пред турнирот сонував да влезам во втората недела, воопшто не размислував за финалето
Лондон, 9 јули 2021 (МИА) - Чешката тенисерка Каролина Плишкова е изненадена од пласманот во финалето на Вимблдон. Таа вчера во полуфиналето ја совлада Арина Соболенко со 5:7, 6:4 и 6:4. - Пред турнирот сонував да влезам во втората недела, бидејќи не можев да го сторам тоа долго време. Јас воопшто не размислував за финалето. Тренерот многу веруваше во мене. После натпреварот, ми рече: „Ти реков дека ќе бидеш во финалето“. Сè уште не можам да поверувам, истакна Плишкова. Во финалето на Грен слемот во Лондон, чешката тенисерка в сабота ќе се соочи со Ешли Барти од Австралија. зс/

Остани поврзан