• сабота, 23 ноември 2024

Пленковиќ: Проширувањето на ЕУ повторно е ставено на дневен ред

Пленковиќ: Проширувањето на ЕУ повторно е ставено на дневен ред
Брисел, 16 февруари 2020 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред неформалната вечера за лидерите на Западен Балкан, истакна дека прашањето за проширување и поддршка на Европска Унија за земјите од регионот повторно е ставено на дневен ред. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се разгледуваат теми како што е ситуацијата во Црна Гора, во Косово и во Босна и Херцеговина, истакна дека тоа е пријателска вечера и оти е најважно да се дојде до договор за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, но оти и другите теми се добредојдени. Хрватскиот претседател додаде дека вечерашниот состанок во Брисел е заедничка подготовка за Самитот на ЕУ во Загреб, што ќе се одржи на 6 и 7 мај. - Атмосферата е поинаква во однос на октомври минатата година и се движи кон донесување позитивни одлуки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, што треба да биде направено пред мај. Така атмосферата ќе биде попозитивна и земјите ќе добијат од Европската комисија пакет за инвестиции и нивно подобро позиционирање, што ќе придонесе за економскиот развој на земјите во регионот, посочи Пленковиќ. Тој истакна дека вечерва нема да има билатерални средби. ми/

Остани поврзан