• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска

Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска

Загреб, 17 март 2025 (МИА) - Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Северна Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската армија, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ и уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и на преживеаните им посака брзо закрепнување.

„Ќе дојдат, ми се чини, за два дена. Утре хеликоптерите на Министерството за одбрана, односно на хрватската армија ќе преземат четворица повредени пациенти. Таков е договорот и комуникацијата со македонските власти“, изјави денеска Пленковиќ пред новинарите.

Пленковиќ додаде дека веднаш му се јавил на колегата Христијан Мицкоски кога слушнал за трагедијата.

„Тоа е навистина огромна трагедија. „Сите информации што можевме да ги следиме вчера и денеска укажуваат дека ова е нешто без преседан за Северна Македонија и уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на сите жртви, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, рече премиерот.

Неколку десетици тешко повредени лица се транспортирани или се подготвуваат за транспорт во неколку соседни земји, меѓу кои Бугарија, Грција, Србија, Хрватска и Турција, соопштија денеска македонските власти.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан