• четврток, 26 декември 2024

Пленковиќ: Здравствениот систем е во состојба да го издржи притисокот

Пленковиќ: Здравствениот систем е во состојба да го издржи притисокот
Загреб, 5 ноември 2020 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ тврди дека здравствениот систем на Хрватска е во состојба да го издржи притисокот на влошената епидемиолошка ситуација, сигурен е дека здравствените работници ќе продолжат да прават максимални напори, а Владата ќе обезбеди предуслови борбата против Ковид-19, во ораганизациска смисла, да биде за доброто на сите граѓани. Тој истакна дека министерот за правда им издал упатства за работа на телата на државната управа, со цел дополнително да се намали можноста за зараза. Пленковиќ забележал и дека растот на новозаразени лица во Хрватска е побавен во однос на останатите земји од ЕУ. - Ги тестираме сите оние за кои постојат индиции дека имаат симптоми или евентуално би требало подоцна да бидат хоспитализирани. Поради зголемениот број на заразени, се зголемува и бројот на починати, нагласи Пленковиќ. гт/

Остани поврзан