• среда, 25 декември 2024

Планот на Сунак за испраќање на азиланти во Руанда и формално стана закон

Планот на Сунак за испраќање на азиланти во Руанда и формално стана закон

Лондон, 25 април 2024 (МИА) - Британскиот крал Чарлс даде согласност за законите кои се клучни за планот на премиерот Риши Сунак да испрати баратели на азил во Руанда.

Кралската согласност е последната фаза во законодавниот процес и практично ја означува одлуката донесена од парламентот оваа недела да го одобри нацртот по долгата битка меѓу владата и противниците на планот.

Кралската согласност беше објавена денеска во Домот на лордовите, што значи дека Законот за безбедност (азил и имиграција) сега ќе стане закон.

Парламентот го усвои законот во вторникот во раните утрински часови. Сунак во понеделникот рече дека очекува првите летови за Руанда да се реализираат за 10 до 12 недели откако ќе биде усвоен законот. Законот предвидува секој барател на азил кој ќе пристигне во Велика Британија илегално да биде испратен во Руанда според шемата за која владата вели дека ќе го спречи преминувањето на Ламанш и ќе ја разбие сегашната шема на шверц на луѓе. ссм/

фото: архива

Остани поврзан