Планинaрски друштва од Србија и Северна Македонијa со иницијатива за уредување на „Европскиот пешачки пат“
- Планинарски друштва од Kрива Паланка, Куманово и Лесковац потпишаа меморандум за соработка како продолжение на соработката во рамки на проектот „Поврзување на бисерите“ од ИПА програмата за п
Крива Паланка, 27 септември 2022 (МИА) – Планинарски друштва од Kрива Паланка, Куманово и Лесковац потпишаа меморандум за соработка како продолжение на соработката во рамки на проектот „Поврзување на бисерите“ од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонијa и Србија, а истите ќе работат на иницијативата уредување и возобновување на „Европскиот пешачки пат“.
На Светскиот ден на туризмот, претседателката на Планинарско-спортски клуб „Руен“, Крива Паланка, Катица Борисовска, информира дека потпишаниот меморандум е само почеток на соработката со друштвата од овој дел на Балканот.
-Средбата и размената на искуства што ја остваривме во рамки на европскито прекуграничен проект со Лесковац, отвори нови видици и перспективи з анас како планианрски друштва со бројни меѓународни активности за промоција на туризмот. ПСК „Руен“, РСР „Патник“, Крива Паланка, ПСК „Козјак 2013“ Куманово и Планинарско-скијачки клуб „Кукавица“, Лерсковац потпишаа меморандум, а следните чекори се да работиме на идејата за поврзување на „Европскиот пешачки пат“ кој води од Португалија до Грција, изјави Борисовска.
Со вмрежување на друштвата за планинарење и заштита на планината, во координација со националните планинарски федерации, таа додаде дека би можеле да го продолжат уредувањето на тој Е7 –пат, којшто во Србија е уреден во одредени делници, дел од него во Северна Македонија е уреден од страна на некои планианрски друштва, -Ќе имаме нови рути кои ќе допринесат за промоција на туризмот и ќе привлечат бројни странски и домашни туристи на планина, рече Борисовска, самата лиценциран планианрски водич и дама која ги има искачено едни од највисоките врвови во светот, како Елбрус, Арарат и др.Дејан Савиќ од ПСК „Кукавица“ истакна дека добар дел во Србија од оваа Е7 и Е4 патека е обележан и уреден од страна на Федерацијата за планианрски спортови, додека во Северна Македонија останува да се уреди делот од Бугарија до Прохор Пчињски, а сето ова, рече, ќе придонесе за поврзување не само на планинските убавини, туку ќе подразбере и поврзување на сместувачки капацитети, иницијативи за изградба на нови угостителски капациетти, бдиејќи „Европски епшачки пат“ сврзува и верски објекти, културно-историски споменици и слично.
Европските пешачки патеки „е-патишта“ се под капата на Европската асоцијација на тркачи (ERA), е мрежна организација која работи на промоција на пешачење, планинарење, создавање патеки, размена на знаење преку границите и обезбедување на правата за слободен пристап до природата за пешачите. Преку својата работа ЕРА се грижи и за заштита и развој на европското културно наследство и за зајакнување на меѓусебното разбирање меѓу европските граѓани. иб/ки/