• сабота, 23 ноември 2024

Планинарски марш по повод годишнината од Февруарскиот поход во Делчево

Планинарски марш по повод годишнината од Февруарскиот поход во Делчево
Делчево, 8 февруари 2023 (МИА) - Во Делчево во тек е пријавувањето за учество на планинарскиот марш до планината Голак, што ќе се одржи в недела по повод одбележувањето на годишнината од Февруарскиот поход. Организатори на маршот се Планинарскиот спортски клуб „Голак“ и Општина Делчево, кои упатија отворена покана до сите планинари да земат учество во истиот.
 
-Планинарскиот марш ќе се одвива по зимската патека, со почетна точка од паркингот пред домот на културата АСНОМ во центарот на Делчево. потоа продолжуваме преку населба Расадник, Манастир Св.Богородица Балаклија , спортски терени со крајна дестинација Спомен плоча на планина Голак, информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“.
 
Должина на патеката, како што додадоа од ПСК „Голак“, изнесува 20 километри во двата правци. 
 
-За сите учесници обезбедена е храна и топли напитоци по завршувањето на маршот. Пријавувањето е најдоцна до петок (10.02.2023) на телефон 070/605-137 на телефонскиот број на претседателот на ПСК „Голак“. Тргнувањето е во недела (12 февруари 2023) со почеток во 08:00 часот, додадоа од ПСК „Голак“.
 
По завршувањето на планинарскиот марш планирано е положување свежо цвеќе пред спомен плочата посветена на учесниците во Февруарскиот поход, за што од Општината ги поканија сите заинтересирани со своето присуство да дадат свој придонес во одбележувањето на настанот. вс/цр

Остани поврзан