• среда, 27 ноември 2024

Планинарски марш на Клепа

Планинарски марш на Клепа

Велес 28 февруари 2021 (МИА) - Планинарското спортско друштво  „Клепа” и Општина Градско денеска организираа еднодневна планинарска  акција: село Подлес - Клепа -манастир „Св.Архангел Михаил“ с.Горно Чичево, во должина од 15 километри. Оваа планинарска акција со освојување на врвот Клепа  на 1150 метри надморска височина беше промотивна за новофрмираното ПСД „Клепа“ формирано на 23 ноември лани.

Иако имаше голем интерес од планинари за учество, поради пандемијата со Ковид-19, коватата беше ограничена. Учествувуваа  35 планинари од Градско, Велес, Неготино и Скопје, а се’ се одвиваше согласно препораките за заштита од Ковид, информира за МИА,Петре Лазовски претседател на ПСД „Клепа“ .

-Целта на акцијата беше  да се промовира ПСД Клепа“ од Градско со искачување на врвот Клепа, а воедно и пред се’ да се поттикне населението за движење во планина на чист водух. И покрај силниот ветер најголем дел од учесниците се искачија на врвот на планината и уживаа од прекрасната глетка од Клепа, потенцира Лазовски.

На крај сите учесници ја завршија денешната  15 километарска планинарската акција со спуштање и краток престој во манастирот „Св. Архангел Михаил“ на краток одмор и закрепнување по долгиот и напорен планинарски поход.

Клепа е средновисока планина во средишниот дел на  РСМакедонија, западно од Градско. Поради стратешката положба, врвот долго време бил центар на воени бази, а на самиот врв се наоѓаат остатоци од бункери и засолништа.ад/са/

Остани поврзан