• среда, 25 декември 2024

Планинарски-спoртски клуб „Голак“ го реализираше планинарскиот марш „По патеките на револуционерот Гоце Делчев“

Планинарски-спoртски клуб „Голак“ го реализираше планинарскиот марш „По патеките на револуционерот Гоце Делчев“

Делчево, 3 декември 2023 (МИА) - Во организација на Планинарскиот-спортски клуб „Голак“ од Делчево реализиран планинарскиот марш „По патот на револуционерот Гоце Делчев“. Претседателот на клубот Љупчо Чучуковски информираше дека се работи за кружна планинарска акција по која во минатото се движел великанот Гоце Делчев.

-По дел од маршутата своевремено поминувал главниот таен канал по кој се движел македонскиот револуционер Гоце Делчев, од Бугарија кон тогашна Македонија во Отоманското царство. Активностите се одвивале преку селото Ветрен (Делчевско) ги организирал сите револуционерни активности, но исто така и се движел, истакна Чучуковски.

Во рамки на маршрутата која поминувала до самата граница со Република Бугарија, планинарите искачиле три врва кои се дел од Осоговските планини.

-Патеката е практично патот каде што се поминувало кон стариот граничен премин Црна Скала. За одбележивање е што ги искачивме врвовите Петровец, Еленин Врв и Волчја Глава сместени на Осоговските планини во атарот на село Ветрен. Карактеристично за селото е што во времето на Отоманската империја, било едно село, додека по распадот во 1912 година, било поделено на два дела, еден дел се наоѓа во Македонија, додека друг дел во Бугарија, додаде Чучуковски.

Вкупната должина на планинарскиот марш изнесувал 19 километри. Со реализација на вакви и слични планинарски маршеви од клубот најавија дека ќе продолжат и во наредниот период. вс/аа/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан