• среда, 25 декември 2024

Планинарски-спортски клуб ,,Голак" од Делчево со маршрута до врвот Обел го одбележа Светскиот ден на пешачењето

Планинарски-спортски клуб ,,Голак
Делчево, 17 октомври 2022 (МИА) - Членови на планинарски-спортски клуб „Голак“ од Делчево го искачија врвот Обел на 1300 метри надморска висина на планината Влаина. Активноста, како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, се реализираше по повод Меѓународниот ден на пешачењето. - По повод 15-ти октомври - Меѓународен ден на пешачењето, вчера членови на Планинарскиот спортски клуб „Голак" од Делчево, придружувани со четворица планинари од градовите Софија и Ќустендил (Р.Бугарија), реализиравме планинарска маршута почнувајки од Град Делчево, преку Јунузов Рид, месностите Габите, Илин Камен и Белутците се до врвот Обел на 1300 метри надморска висина, информираше Чучуковски. Маршрутата, како што додаде, била во вкупна должина од 18,5 километри. - Маршрутата потоа продолжи низ месноста  Вачин дол, Тврдина Градиште, село Град кое се наоѓа на 690 метри надморска висина. Маршот се одвиваше по убави временски услови со идеално сонце, без ветар и со температура од 20 Целзиусови степени, при што поминавме еден убав колоритен есенски ден, додаде Чучуковски. Ваквите клубски акции за промоција на малку познати врвови во делчевската област Пијанец, најави дека ќе продолжат и во иднина. вс/цр

Остани поврзан