• недела, 28 јули 2024

Планинарскиот спортски клуб „Голак“ крои стратегија за активностите во 2021 година

Планинарскиот спортски клуб „Голак“ крои стратегија за активностите во 2021 година
Делчево, 12 декември 2020 (МИА) - Делчевскиот планинарски-спортски клуб „Голак“ крои стратегија за реализација на предизвиците во 2021 година. Претседателот на клубот Љупчо Чучуковски кој по едномесечна борба го победи вирусот Ковид-19, истакна дека и во 2021 година се ќе зависи од развојот на ситуацијата со Ковид-19. -Плановите за 2021 година ги имаме донесено, меѓутоа ќе почекаме се додека не се подобри ситуацијата со епидемијата Ковид-19, по што постепено ќе почнеме со реализација на нашите активности. Секако дека имаме планирано многу активности, но видовме што се случи годинава со вирусот, така што какви ќе бидат околностите така и ќе ги реализираме нашите планови, истакна Чучуковски. Во меѓувреме претседателот на ПСК „Голак“ беше дел од онлајн работилница чија главна тема беше развојот на планинарењето . -Тема на работилницата беше насловена „Да работиме заедно за развој на планинарењето“. Дебатата се реализираше по повод Денот на планината - 11 Декември. Дебата ја отвори претседателот на ФПСМ, Јовица Угриновски, а на истата учествуваа претставници од значајни институции како од областа за развој на туризмот. Главна констатација од оваа дебата е големите напори кои секој од нас треба да ги направи за развој на планинарењето по завршувањето на пандемијата и активностите кои треба да бидат преземени во таа насока, додаде Чучуковски. Клубот од Делчево во изминатиот период реализираше лесна планинарска маршрута до врвот Мала Чавка на која како што дополнија од ПСК „Голак“ беа испочитувани сите протоколи за реализирање на спортски активности од ваков вид. вс/аа/

Остани поврзан