• среда, 25 декември 2024

Планинарскиот-спортски клуб Голак продолжува со промоција на малку познати места во Пијанец

Планинарскиот-спортски клуб Голак продолжува со промоција на малку познати места во Пијанец
Делчево, 22 февруари 2021 (МИА) - Планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево реализираше нова планинарска маршрута за промоција на малку познати места во Пијанечкиот регион. Придржувајќи се на мерките за Ковид-19, делчевските планинари, како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, реализираа планинарска маршрута на потегот од село Стар Истевник до село Панчарево, искачувајки ги малку познатите врвови „Сараево“ и „Мехмедов Бор“. -Маршрутата предвидуваше движење во мали групи, со држење растојание, освен за фотографирање, како и со носење на маска каде има потреба). Планинарскиот марш предвидуваше полукружна планинарска тура почнувајки од село Стар Истевник, караула Сараево, па се до врвот Сараево на 1223 метри надморска висина, месноста Крс и врвот Мехмедов Бор кој се наоѓа на 1336 метри надморска висина. Крајната дестиација ни беше во село Панчарево (Врановска Маала) на 860 метри надморска висина на планината Влаина, рече Чучуковски. Тој потенцира дека маршот  бил во вкупна должина од 13 км, а се реализирал по мошне поволни временски услови. -Станува збор за една многу малку позната, а многу живописна патека, која ја препорачуваме за сите типови на планинари, бидејки изобилува со многу густа шума од бор и смрека. Времето беше идеално и сончево, без ветар, со голема видливост, со 25 см снег и многу позитивна енергија, што придонесе сите планинари без потешкотии да ја поминат патеката, рече тој. Од ПСК „Голак“ Делчево најавија дека ваквите планинарски тури за промоција на малку познати места во Пијанец ќе продолжат и во наредниот период. вс/фф/

Остани поврзан