• сабота, 23 ноември 2024

Планинарска тура во чест на Тетовскиот партизански одред по повод Денот на ослободување

Планинарска тура во чест на Тетовскиот партизански одред по повод Денот на ослободување

Тетово, 3 ноември 2024 (МИА) - Планинарска тура насловена „По трагите на Тетовскиот партизански одред“ се одржа денеска во пресрет на 80 години од ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година. Оваа активност во рамки на низата настани поврзани со јубилејот беше организиран од планинарскиот клуб Љуботен во координација со Национален парк Шар Планина.

Турата почна од Попова Шапка кон месноста Јелак, а од таму по текот на Студена река и река Пена со пристигнување на Тетовско Кале со вкупна должина од 20 километри.

На Калето планинарите беа пречекани од претседателството на Сојуз на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово, при што се оддаде почит за формирањето на Првиот тетовскиот партизански одред.

- Претседателката на Сојузот на борци Лилјана Симовска им заблагодари за вложениот труд на планинарите во чест на македонските херои и големиот јубилеј. Делегација на планинарите и Сојузот на борци се поклони на спомен обележјето на формирањето на Првиот тетовски партизански одред, а свежо цвеќе во име на сите положи најмладиот учесник планинар. При паузата на Калето по симнувањето кон Тетово планинарите направија пауза за краток одмор при што им беше послужен топол чај од страна на припадниците на Армијата на Република Македонија, информираа од организацискиот одбор за одбележување на Денот на ослободување на Тетово.

Активностите и настаните продолжуваат во понеделник со училишен турнир во одбојка и кошарка во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово. Во вторник ќе има трибина „Грижа за нашето здравје“ а во среда 6 ноември е изложбата на „Тетово моја инспирација“ на тетовски сликари и ученици. ас/лв/

фото Сојуз на борци 

Остани поврзан