• четврток, 12 февруари 2026

Планинарите од „Кожуф“ со успешно зимско искачување на Кајмакчалан

Планинарите од „Кожуф“ со успешно зимско искачување на Кајмакчалан

Гевгелија, 10 февруари 2026 (МИА) -  Во тешки услови со густа магла, триесеттина членови на планинарскиот спортски клуб „Кожуф” од Гевгелија викендов учествуваа на зимско искачување на највисокиот врв на Ниџе планина, Кајмакчалан, на 2.521 метри надморска височина.

Оваа експедиција беше реализирана како дел од програмата на клубот, кој покажа добра подготовка и тимска координација, иако околината беше ограничена од густата магла што ја отежнуваше видливоста на планинските терени.

Од планинарскиот клуб информираат дека искачувањето поминало успешно, и покрај предизвиците од временските услови – снег, ветер и густа магла. Поради високи снежни наноси, целосно покриена била и црквата „Св. Петар“ на планинскиот врв.

Посебно внимание привлече учеството на двајцата најмлади членови на само 11 и 12 години, кои без потешкотии се искачија на врвот во вистински зимски услови, што спортскиот клуб го оцени како значаен успех и мотив за младите планинари. рш/дма/

Фото: ЗПСК „Кожуф"

Остани поврзан