• четврток, 26 декември 2024

Плакети за учесниците на светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство

Плакети за учесниците на светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - На годинешниов Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) 2021 година, на кој учествуваа 288 тимови од 21 земја, нашите тимови освоија златен медал и специјална награда од жирито. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска во паркот „Ибни Пајко“ се сретна со учесниците на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC), на кои им додели плакети. Од прес-службата на Град Скопје информираат дека на денешната средба Шилегов им го честитал успехот на натпреварувачите Илина Георгиева, Бисера Георгиева, Анамарија Јордановска, Лина Петровска, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски и Коста Аризанов, како и менторите Сузана Стојановска и Драган Јованов од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов Синдром Дневен центар Доза Среќа – Скопје. - Се надевам и ви посакувам вакви и слични успеси да носите и во иднина и повторно се радуваме заедно. Скопје е #ЕднаковГрад, Скопје е град за сите, потенцира Шилегов. Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) е меѓународно натпреварување на знаење кое е базирани на приодот STEM (Наука, техологија, инжинерство, математика) кој е организиран од Асоцијата на млади научници од Индонезија (the Indonesian Young Scientists Association) и Универзитетот за науки од Индонезија (Sekolah Ilmu Lingkungan Universitas Indonesia). фф/нд/

Остани поврзан