Плакета и почесно членство за министерката Петровска од Клубот на генерали
- Клубот на генерали, здружение чии членови се пензионирани и активни генерали во Армијата на Република Северна Македонија, денеска на министерката за одбрана Славјанка Петровска и врачи Плакета и почесно членство, во име на, како што информираат, одличната соработка меѓу Министерството и Клубот, како и континуираната поддршка од страна на министерката за ова здружение.
Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Клубот на генерали, здружение чии членови се пензионирани и активни генерали во Армијата на Република Северна Македонија, денеска на министерката за одбрана Славјанка Петровска и врачи Плакета и почесно членство, во име на, како што информираат, одличната соработка меѓу Министерството и Клубот, како и континуираната поддршка од страна на министерката за ова здружение.
Плакетата на министерката Петровска денеска во Клубот на генерали и ја врачи претседателот на здружението, генералот во пензија Павле Арсоски.
Петровска, како што информираат од нејзиниот Кабинет, истакнала дека од искуството на пензионираните генерали бенефит имаат и одбраната и Армијата и изразила задоволство што членовите на ова здружение активно придонесуваат кон развојот на одбранбениот систем.
- Во изминатите две години како министерка за одбрана имав целосна поддршка и од активните и од пензионираните генерали. Заедно постигнавме голем успех и видливи резултати, рекла министерката.
Петровска додала дека целите на здружението целосно се совпаѓаат со целите и визијата на Министерството за одбрана и изразила очекување заедничката работа да продолжи и во иднина.
- Членството во НАТО е и ваша заслуга, посочила министерката и ги повикала членовите на Здружението да останат будни и со свои коментари, сугестии и критики да помогнат во развојот на одбраната и Армијата.
Генералот во пензија Павле Арсоски се заблагодарил за поддршката од министерката Петровска и Министерството во обезбедување на простории за Клубот на генерали следните 10 години и порачал дека пензионираните и активни генерали, членови на Здружението, продолжуваат да бидат активни во споделувањето на искуства и знаење во развојот на одбраната.
Клубот на генерали брои 33 членови. Здружението досега со помош на Министерството има организирано поголем број активности, вклучувајќи ја и минатогодишната научна конференција организирана по повод 30-годишнината на Армијата. аа/бак/
Фото: МО