• вторник, 12 ноември 2024

Пи Диди уапсен поради трговија со луѓе

Пи Диди уапсен поради трговија со луѓе

Лос Анџелес, 17 септември 2024 (МИА) - Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, изјавија федералните власти, јави Би-Би-Си.

Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март. Лице блиско до обвинителството за „Њујорк тајмс“ изјави дека верува оти познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.

Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, рече дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“. Музичарот се соочи со низа обвинувања, од сексуален напад до малтретирање, вклучувајќи ги и оние од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој негираше се за што беше обвинет. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан