Пијан мотоциклист запрен во Кичево, измерени 3,15 промили
- Полицијата денеска во Кичево измерила 3,15 промили алкохол кај 34-годишен возач на мотоцикл.
![Пијан мотоциклист запрен во Кичево, измерени 3,15 промили](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113121219_big_730x400_21.webp )
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Полицијата денеска во Кичево измерила 3,15 промили алкохол кај 34-годишен возач на мотоцикл.
- Денеска во 14:10 часот во Кичево од страна на полициски службеници од ОВР Кичево сопрен е мотоцикл „хамачи“, управуван од А. А. (34) од Кичево и при извршено алкотестирање измерени се 3,15 промили алкохол. Исто така, утврдено е дека не поседува возачка дозвола и мотоциклот е нерегистриран, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето е исклучено од сообраќај и изречени му се соодветни санкции. аа/