„Пијано трио“ со концерт во Делчево
- Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ вечерва во Делчево се одржа концерт на Пијано трио насловен ,,Музичко патување".
![„Пијано трио“ со концерт во Делчево](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113163225_big_730x400_67.webp )
Делчево, 22 јуни 2022 (МИА) - Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ вечерва во Делчево се одржа концерт на „Пијано трио“ насловен „Музичко патување".
Она што го карактеризира триото како состав, како што истакна директорот на установата Методи Толевски, е истенчен-моќен звук, интерактивност, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите.
- Пијано трио е составено од Татијана Петрушевска - Караскановска прва обоа во оркестарот на Националната опера и балет, Марјан Милошевски, прв фагот во Националната опера и балет и Петар Макариевски пијано, професор-корепетитор на Факултетот за музички уметности, истакна Толевски.