• четврток, 19 декември 2024

Пијанечки денови на сливата денес во Делчево

Пијанечки денови на сливата денес во Делчево

Делчево, 29 септември 2023 (МИА) - Во Делчево по пауза од 4 години се враќаат ,,Пијанечки денови на сливата", манифестација со која се слави пијанечкиот бренд-сливата како најзастапена овишна култура во регионот Пијанец. Настанот кој ќе се одржи денес со почеток од 12 часот ќе биде збогатен со повеќе содржини и богата културно-уметничка програма. 

-Главна цел на манифестацијата која ќе се одржи на летната сцена е да се прикаже подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за овој крај. Во рамки на настанот предвидено е печење на сливова  ракија, а ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи кои ќе можат да се дегустираат. На штандовите ќе бидат изложени традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат, информираа од Општина Делчево.  

За ,,Највеселата ракија" предвидени се две награди, првата во износ од 8 илајди денари, а втората 6 илјади.

-За највкусниот мармалад или слатко ќе бидат доделени 3 илјади денари. Исто така, посебна награда во износ од 3 илјади денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд, додадоа од Општина Делчево.

Организатори на манифестацијата се Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево со финансиската поддршка е од Министерството за култура на РСМ. вс/дма/

 

Фото: НУ ЦК ,,Н.Ј.Вапцаров" Делчево

Остани поврзан