• петок, 27 декември 2024

Пицула: Расплетот од кризата во Црна Гора мора да биде последица на договор на внатрешнополитичките актери

Пицула: Расплетот од кризата во Црна Гора мора да биде последица на договор на внатрешнополитичките актери
Подгорица, 31 јануари 2022 (МИА) - Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула изјави дека расплетот од кризата во земјата мора да биде последица на договор на внатрешнополитичките актери. Пицула рече дека без разлика дали тоа е малцинска влада која ќе има стабилна поддршка во спроведувањето на реформите кои ја зајакнуваат независноста на институциите или преодна влада која ќе обезбеди нови избори, и двете треба да се погрижат политичките процеси во Црна Гора да бидат мирни и Црногорците да се тие кои одлучуваат за насоката во која ќе оди земјата.
За порталот CdM, Пицула изјави дека како известувач за Црна Гора секојдневно и интензивно следи што се случува и дека е загрижен. Тој додава дека политичката поларизација не е невообичаена, туку таа мора да остане во институциите.
„Не смее насилно да се прелева на улиците, како што се случи минатата година“, рече Пицула. паг/  

Остани поврзан