• среда, 27 ноември 2024

Питомците од воениот кампус во Пепелиште донираа во Дневниот центар „Порака“ Неготино

Питомците од воениот кампус во Пепелиште донираа во Дневниот центар „Порака“ Неготино

Неготино, 28 јуни 2023 (МИА) - Питомците од воениот летен кампус кој деновиве се одржува во Центар за обука Пепелиште и годинава донираа храна и пијалаци во Дневниот центар „Порака“ Неготино. Се работи за центар за помош на лица со попреченост.

- Истовремено, питомците и лицата што добиваат поддршка во рамките на „Порака“,  поминаа заеднички моменти во најразлични активности, играње игри и дружење, рече Верица Ташева, раководител во „Порака“.

Ташева нагласи дека соработката трае веќе неколку години. Годинава на кампусот учествуваат питомци од воените академии на 14 држави.

Питомците вообичаено во Пепелиште се две седмици, работат тимски, разменуваат искуства и стекнуваат нови пријателства. Истовремено ја запознаваат локалната култура и даваат придонес во локалната заедница. Традиција е, на армијата и на летниот кампус, за време на теренски активности, секогаш да се помага на заедницата. Покрај во воено вежбовни, да учествуваат и во хуманитарни активности.

Од „Порака“ изразија задоволство од соработката и дружењето со питомците кое е традиција години наназад. свд/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан