• среда, 25 декември 2024

Писториус: Потребен е мандат од Бундестагот за помош во одбраната на Израел

Писториус: Потребен е мандат од Бундестагот за помош во одбраната на Израел

Берлин, 3 август 2024 (МИА) - Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, изјави дека вклучувањето на германските вооружени сили (Бундесвер) во одбраната на Израел од потенцијален ирански напад од големи размери во моментов не се разгледува, јави ДПА.

Одлуката за можна воена поддршка преку обезбедување материјали во која било форма ќе биде донесена „кога ќе биде вистинскиот момент“, рече Писториус за време на посетата на воената база „Бонифас“ на командата на ОН предводена од САД во Јужна Кореја.

Писториус нагласи дека самиот не е вклучен во актуелните дискусии што се водат во Берлин.

Коментарот на Писториус доаѓа како одговор на прашањето дали Германија, слично на САД или другите партнери, би можеле да се приклучи на воена операција за одбрана на Израел.

„Секое вмешување на германски војници, што е сосема незамисливо во моментов", исто така ќе бара мандат од Бундестагот (германскиот парламент), додаде, тој.

Германија е меѓу најверните сојузници на Израел, а политичките лидери во Берлин постојано изјавуваат дека Израел има право на самоодбрана. Во минатото, членовите на германската влада постојано потврдуваа дека безбедноста на Израел е германска „државна работа“, забележа ДПА.

За ова прашање се дебатира во услови на зголемени стравувања од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, по серијата убиства поврзани со војната во Појасот Газа, за кои лидерите на земјите од регионот на конфликтот ветија дека ќе се одмаздат.

Тензиите во регионот ескалираа по убиството на високиот воен командант и шеф на стратешката дивизија на либанското шиитско движење „Хезболах“, Фуад Шукр, во израелски воздушен напад во Бејрут и на политичкиот лидер на палестинската вооружена група „Хамас“ Исмаил Ханија во Техеран.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан