• недела, 24 ноември 2024

Писмо од Кумуцакос до ЕК со грчките позиции за заедничка политика за миграција и азил

Писмо од Кумуцакос до ЕК со грчките позиции за заедничка политика за миграција и азил
Атина, 28 јануари 2020 (МИА) - Солидарноста и поделба на товарот меѓу земјите членки и дополнително искористување на грчките иницијативи се дел од основните грчките ставови и размислувања кои алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос ги споменува во писмото испратено до потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон во однос на заедничката политика за миграција и азил на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. -Господинот Кумуцакос ја истакна неодложната потреба останатите земји членки на Европската унија да покажат ефективна солидарност до земјите членки од првата линија, како што е Грција. Исто така, ја потенцираше и потребата за поделба на товарот со соодветна помош за земјите членки од првата линија, бидејќи границите на тие држави се исто така граници на Унијата. Покрај тоа, се фокусираше на потребата од дополнително искористување на иницијативите што Грција веќе ги изнесе, односно трилатералната иницијатива Грција- Кипар Бугарија за Источниот Медитеран, иницијативата за создавање на европски механизам на враќања и иницијативата за борба со нелегалните мрежи со криумчарње мигранти, соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција во однос на писмото од Кумуцакос упатено до Европската комисија. Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција денеска ќе потпише договор со директорката на Европската канцеларија за поддршка на азил, Нина Грегори за отворање на седиште на службата во Атина. ср/

Остани поврзан