• среда, 27 ноември 2024

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Охрид, 25 ноември 2024 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод упокојувањето на митрополитот Дебарско – кичевски, господин Тимотеј.

„Владиката Тимотеј беше силен пример за служење на Бог, образец на животот според Евангелието. Тој беше способен да одговори со својат љубов и грижа на секоја тешкотија и болка на човечкото срце. Беше пример на умеењето да дејствува според заповедтта на Светото писмо. Секогаш  да се бара добро еден во друг и кон сите. 'Секогаш радувајте се, молете се постојано, благодарете за се'. Споменот за овој голем веледостојник, искрен слуга кон Бога и преданик на христовата вера ќе биде вечен.Од длабочината на исполнетото со тага срце вознесувам молитва кон Бога да го успокои во небесното царство својот верен слуга, чиј цел земен пат беше насочен во спроведување на Христовата заповед, да се љубиме еден со друт, на лошото да одговараме со добрина и да правиме добри дела. Вечен и блажен спомен за покојниот митрополит Дебарско – кичевски, г. Тимотеј“, стои во писмото на градоначалникот Пецаков.

Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј почина денеска во Скопје, по кусо боледување на 73 години. аб/са/

фото/МИА

 

 

 

Остани поврзан