• четврток, 26 декември 2024

Писателот на „Игра на престоли“ потпиша петгодишен договор со ХБО

Писателот на „Игра на престоли“ потпиша петгодишен договор со ХБО
Лос Анџелес, 30 март 2021 (МИА) - Писателот Џорџ Р. Р. Мартин - автор на фантастичната ТВ-серија „Игра на престоли“, потпиша петгодишен договор со „Ејч-би-оу“ за нови содржини за телевизиската и стрим-платформа „ХБО макс“. Продукциската куќа го потврди овој податок. Сепак, соопштението не уточнува дали договорот е поврзан со проекти поврзани со „Игра на престолите“. Според „Холивуд репортер“, зделката тешка неколку десетици милиони долари можеби ќе вклучува и серија за воинствената кралица Нимерија, која владеела со тој свет пред илјадалетија, или пак, серија за лавиринт од тесни ходници во една од кралските палати... Договорот предизвика надеж кај љубителите на хит-серијата. Мартин (72), чијашто серија книги „Песна за мразот и огнот“ ја инспирираше „Игра на престоли“, веќе работи на серија со наслов „Куќата на Змејот“, којашто хронолошки ѝ претходи на првичната приказна и се случува 300 години претходно. „Ворнер медија“ известува дека вон светот на „Игра на престолите“, Џорџ Р. Р. Мартин ќе биде извршен продуцент на уште два проекти на „Ејч-би-оу“, прилагодени од фантастичниот роман на Неди Окорафор - „Кој се плаши од смртта?“ и „Патокази“ на Роџер Зелазни.  си/

Остани поврзан