• четврток, 26 декември 2024

Пиротехничари од ДЗС подигнале артилериски гранати од Првата светска војна во битолско Магарево и село Маково, општина Новаци

Пиротехничари од ДЗС  подигнале артилериски гранати од Првата светска војна во битолско Магарево и село Маково, општина Новаци

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Во атарот на битолското село Магарево и во село Маково, општина Новаци, вчера се подигнати артилериски гранати со калибар 75 и 155 милиметри од Првата светска војна, кои претходно биле пронајдени. 

МВР денеска соопшти дека во атар на село Магарево, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал две артилериски гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна, додека во село Маково, општина Новаци, пиротехничар подигнал артилериска граната со калибар 155 мм од Првата светска војна. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан