• среда, 18 декември 2024

Пирова победа на РК Еурофарм Пелистер против РК Вардар 29:25 (18:11)

Пирова победа на РК Еурофарм Пелистер против РК Вардар 29:25 (18:11)

Битола, 22 октомври 2023 (МИА) - Ослабениот тим на РК Вардар 1961 вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ иако е поразен од РК Еурофарм Пелистер со 29:25, сепак со подобра гол разлика ќе го освои првото место во групата со битолчани.

Објективната публика со аплауз ги награди гостинските ракометари кои благодарение на победата на првата средба со 30:25, во продолжение на првенството ќе имаат подобра стартна позиција.

Инаку, натпреварот меѓу двата најдобри македонски ракометни клубови беше со две различни полувремиња. Во првите 30 минути, битолчани беа постојано во водство со 7 и 8 голови разлика, но таа константа гостите од Скопје ја „стопија“ во второто полувреме каде беа и подобар тим. Предводен од Стоилов и одличниот Томовски со 11 одбрани на голот, РК Вардар 1961 на крајот беше поразен само со четири голови, а тоа е доволно скопските ракометари да ја задржат лидерската позиција на табелата.

Статистички најефикасни на средбата беа Костески со 5 во тимот на РК Еурофарм Пелистер и Ѓукиќ со 4 постигнати голови во тимот на РК Вардар 1961.

Во исполнетата сала „Боро Чурлевски“ и под силно полициско обезбедување, судиите Начевски-Николов, одлично и без грешки го водеа натпреварот. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан